Политика за Колачиња (Cookies)

Халк Банка АД Скопје
Бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, РС Македонија
Контакт: +389 (0)2 3240 800,
E-маил: halkbank@halkbank.mk

Дома

Оваа политика за колачиња ги опишува видовите на колачиња кои ги користиме на нашата веб страница МОЈА СМЕТКА - ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ, како и целите за нивното користење.

Ние користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница МОЈА СМЕТКА - ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ. Колачињата (cookies) всушност се мали текстуални датотеки кои се складираат на уредот (компјутер, мобилен телефон) од кој сте ја посетиле веб-страницата.

Овие датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата. Овие датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“.

Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер или мобилен уред и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во offline состојба), додека привремените колачиња се бришат веднаш кога ќе го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) може да се користат за повеќе цели, како на пример: за да се запомнат Вашите активности и преференции (јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува веб-страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Согласно Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронските комуникации ние можеме да складираме колачиња на Вашиот уред само доколку тие се строго неопходни за функционирањето на нашата веб-страница. За складирање на други видови на колачиња претходно ќе ни биде потребна Вашата согласност. Оттука, освен колачињата кои се категоризирани како неопходни, а кои се обработуваат врз основа на легитимните интереси на Банката согласно закон, сите други колачиња, како што се на пример оние од категориите за аналитика, можеме да ги обработуваме само врз основа на Ваша согласност. Имено, и покрај тоа што овие колачиња ни помагаат да ја подобриме нашата веб-страница и да го подобриме Вашето искуство со тоа, ние нема да поставуваме незадолжителни колачиња освен ако Вие тоа го овозможите. Притоа, Вие може да ја повлечете Вашата согласност за незадолжителните колачиња во секое време и да управувате со Вашата определба за колачињата со кликнување на копчето „нагодувања“.

Зошто ХАЛКБАНК АД Скопје користи колачиња (cookies)?

На оваа веб-страница може да користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничка функционалност на веб-страницата.
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци.
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата, како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот
  • да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на нашата веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб-страницата на ХАЛКБАНК АД Скопје сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени.

Доколку имате прашања во врска со оваа политика или во врска со приватноста на податоците, Ве молиме контактирајте нé на Privacy.Officer@halkbank.mk.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

  • Колачиња за јазик : dplang
  • Колачиња за сесија: mojasmetka_halkda_SessionId
  • Автентикациско колаче: mojasmetka_halkda_auth

Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени основни колачиња (сесиски колачиња):

Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа. Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб-страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности за добивање услуга или производ кои ги нудиме, при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

Функционални (постојани) колачиња: Овие колачиња се зачувуваат подолго време и овозможуваат запомнување на преференциите при наредна посета.

Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример,обезбедување оптимизирана навигација, избор на јазик...). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета.Овие колачиња може да ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб-страница, како што се јазикот, приказот на веб-страницата, дали некоја услуга или производ Ви биле веќе понудени за да не Ви се нудат повторно, информации за кои сте овозможиле одредена карактеристика на веб-страницата да функционира (на пр. видео материјали и визуелизации).

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на незадолжителните колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на нашата веб-страница можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот уред и можете да ги нагодите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб-страница, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалности.

Нагодувањето на колачињата може да го направите преку опцијата „Нагодувања“ каде може да ги нагодите колачињата кои не се задолжителни. Со кликање на копчето „не се согласувам“ се оневозможуваат незадолжителните колачиња, освен задолжителните колачиња кои секогаш остануваат активни бидејќи се неопходни за веб-страницата да може правилно да функционира.

Во случај кога не сакате да користите колачиња како што е наведено, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на колачињата, можете да ги избришете преку Вашиот пребарувач. Во продолжение се дадени примери на поставки за не следење „Do not track preferences“ - „не ме следи“. Функцијата за неследење им овозможува на поситителите да не бидат следени од веб-страниците. Оваа опција е возможна на повеќе интернет прабарувачи, како што се на пример:

  • Chrome
  • Microsoft Edge
  • Firefox
  • Safari
  • Opera

Рок на задржување (траење) на колачињата

  • Сесиските (mojasmetka_halkda_SessionId) кои ги користи нашата веб страница автоматски се бришат со прекинување на тековната сесија или затворање на пребарувач.
  • Постојани колачиња кои ги користи нашата веб страница остануваат во датотеката на колачето на пребарувачот во временскиот период кој зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет пребарувач.
  • Функционалните колачињата за избран јазик (dplang) се чуваат 15 дена по затварањето на сеијата.

Промена на Политиката за Колачиња

Политиката за колачиња редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.

24.12.2024 година