Упатство за најава на Моја сметка - Халкбанка АД Скопје
Најавата се врши на линкот https://mojasmetka.halkbank.mk/
remove_circle_outline add_circle_outline Креирање нов корисник
За креирање на нов корисник, потребно е да ги пополните податоците за Вашата е-маил адреса, лозинка, датум на раѓање и број на платежна сметка во Халкбанк АД Скопје (15 бројки, споено без букви и специјални карактери).
Ве молиме внесете ја прикажаната Captcha за да продолжите со наредните чекори за активирање на нов корисник.
**Податоците кои ги користите за најава : е-маил адреса и мобилен телефон потребно е да бидат истите кои Ви се ажурирани во системот на Халкбанк АД Скопје.

По внесот на сите задолжителни полиња ќе ви биде испратен СМС код на Вашиот мобилен телефон. Кодот потребно е да го внесете во соодветното поле на следниот екран за да го потврдите креирањето на вашиот профил.

remove_circle_outline add_circle_outline Најава на постоечки корисник
За да се најавите како постоечки корисник потребно е да ја внесете Вашата е-маил адреса и лозинка во соодветните полиња. Ве молиме пополнете ја прикажаната captcha.
Погледнете го примерот на сликата за да видите каде да ги внесете информациите.

По успешно пополнување на податоците ќе Ви биде испратен СМС код на Вашиот мобилен телефон.
Внесете го СМС кодот по неговото добивање.
