Халк банка АД Скопје - Информации за Мојa Сметка

Home

Халк банка АД Скопје во својство на контролор согласно Законот за заштита на личните податоци има донесено и објавено Политиката за приватност (Ве молиме за повеќе информации кликнете на Политиката за приватност).

Халк банка АД Скопје, со седиште на Бул. „Свети Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, РС Македонија, како давател на платежни услуги согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи, обезбеди развој и изработка на веб страницата „МОЈА СМЕТКА“ со цел обезбедување на информации за корисникот во однос на користењето на платежните услуги.

До Вашите податоци, известувања, извештаи и документи согласно Законот за платежни услуги и платни системи, можете да пристапите преку оваа веб станица МОЈА СМЕТКА - ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ, при што за цели на креирање корисничко име, се собираат (обработуваат) следните лични податоци: е-маил адреса, лозинка, датум на раѓање и број на платежна сметка. При повторна најава на оваа веб страница, е потребно да ја внесете само Вашата е-маил адреса, лозинка и добиениот СМС код испратен на мобилниот телефонски број што претходно го имате дадено како контакт број на банката.

Халк банка применува соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на Вашите лични податоци од нивна неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување. Халк банка укажува на потребата за избор на безбедна лозинка за пристап до оваа веб-страница. Халк банка препорачува да ја чувате оваа лозинка доверлива и да изберете лозинка што нема да ја користите на ниту една друга веб-страница. Не треба да ја споделувате Вашата лозинка со никој друг, вклучително и со некој што работи или се претставува дека работи во Халк банка.

Исто така, за цели на пристапување кон оваа веб страница се собираат и податоци за навигација:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страницата која Ве префрлила на нашата веб-страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете веб-страницата на ХАЛКБАНК;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат, освен доколку околностите налагаат нивно задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Целокупната комуникација и известувања до Корисниците согласно Рамковните Договори за отворање, одржување и затворање на платежна сметка и други платежни услуги за физичко односно правно лице резидент/нерезидент, ќе се одвива преку веб страницата „МОЈА СМЕТКА“.

Информациите до кои може да се пристапи преку оваа веб страница се чуваат согласно утврдените рокови во Законот за платежни услуги и платни системи.

Личните податоци, Халк банка ги обработува во целост во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци, како и во согласност со останатите закони кои Халк банка ги применува во своето работење.

Повеќе информации за Халк банка АД Скопје како контролор согласно Законот за заштита на личните податоци, како и за правата на корисниците на платежни услуги како субјекти на лични податоци можете да прочитате во Политиката за приватност на Халк банка АД Скопје.